1. Семките од тиква, сончогледот, лененото семе и сусамот ги ставаме во тавче на оган да се потпечат малку. Ги тргаме на страна да се изладат.
2. Кикириките ги потпекуваме и ги толчиме на крупни парчиња.
3. Урмите ги блендираме со малку вода за да се врзи смесата.
4. Во длабок сад ги ставаме семињата, ги додаваме блендираните урми промешуваме.
5. Во смесата ги додаваме кикириките, овесните снегулки, сувото грозје, брусницата и медот. Промешуваме.
6. Од смесата на плех обложен со хартија за печење формираме коцки. Печиме на 180 степени 30тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани