Еве еден одличен, вкусен и здрав рецепт за енергетски коцки кој го направив со состојки што ги имав во кујна. Ги измешав сите семиња што ми се најдоа со додавање на чоколадо и мед (јас користев боров) и навистина излезе превкусен.

Земаме еден сад и во него ги додаваме сите состојки, а чоколадото го растопуваме со 2 лажици масло.

Откако ќе се растопи чоколадото го додаваме во садот со состојки и додаваме околу 5 лажици мед,(додаваме околку мед колку да ни се замеси смесата).

Сето тоа заедно се соединува со лажица.

Земаме еден плех 20х30 и го обложуваме со пластична фолија, ја ставаме смесата и ја распределуваме по целата површина.

Така ја оставаме на ладно околу еден час.

Откако ќе се стегне ја вадиме од плехот и ја сечеме на коцки.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови