Мој предлог за вкусни енергетски плочки кои можат да се јадат за појадок или како десерт.
Прво се сецкаат сливите и смоквите и се ставаат во мултипрактик неколку минути.
Во меѓу време на тивок оган се топат медот со путерот.
Во сад се оставаат сите останати состојки па се додава миксот од сливи и смокви.
На крај се додаваат стопениот мед и путер.
Се убаво се соединува.
Во тавче се става најлонска фолија се става смесата и убаво се плеска со раце.Дебелината треба да е шест до седум мм.
Се поклопува со фолија и се остава убаво да се излади, најдобро неколку часови во фрижидер.
Потоа со остар нож се сечат плочки кои веднаш можат да се јадат.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови