Еве го мојот рецепт за еклери, запишан во тефтерот на мама
400 мл вода и 150 мл масло се ставаат на оган да зовријат. Им се додава 200 гр брашно и се трга од оган и се меша до компактна смеса.
Кога ќе подолади, се додаваат едно по едно 5 јајца.
Се формираат топчиња колку орев и се печат 15 мин. на 200 степени со опција вентилатор. Се гаси рерната, а еклерите се оставаат да се излдат без да се отвара рерната, јас бар саат време ги оставам.

За филот се става на оган 500 мл млеко од кое одземаме неколку лажици и мешаме со 2 јајца, 300 гр шеќер, 3 лажици брашно, 3 лажици густин, ванилин шеќер и вариме по постапка како за пудинг. Кога оваа смеса е оладена додавам уште 100 мл изматена слатка павлака.
За декорација малку шеќер во прав или чоколадо, по желба
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови