Класичен рецепт за еклери кои ги подготвувам често. Вкусни и лесни за јадење и нема кој не ги сака.

На оган се зоврива водата и маслото. Се тргна на страна и се додава брашното и пецивото и се меша додека да се хомогенизира. Се остава да се олади до крај.
Потоа во изладената смеса се додаваат јајцата едно по едно, постојано мешајќи со дрвена лажица.

Тестото се става во готварски шприц или најдобро во шприц за тулумби и се редат во тавче за печење. Немојте да ги правите многу тенки, нема да нараснат убаво, ќе останат мали. Кога ги редите во тава оставајте простор помеѓу нив, бидејќи многу нараснуваат при печење. Меѓу нив барем 2 прста. Се печат на 180 степени, 20 мин, БЕЗ отварање на рерната.

За подготовка на филот потребно е да се свари млекото, а предходно од него се одзема 250 мл, за да се размати пудингот. Во млекото се додава шеќерот и се остава да зоврие. Потоа се додава пудингот и се меша додека да се згусне.
Се остава да се олади до крај и потоа се додава мартаринот, кој се мати со миксер.

Ладни еклери, ладен фил!

Еклерите се сечат на пола. Филот се става во готварски шприц и се филуваат еклерите. Се поклопуваат со горната половинка. Одозгора се прелеваат со чоколадо за готвење или со шлаг пена, зависно од вкусот и изборот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови