Во сад на оган се наливаат маслото и водата.
Откако ќе зовријат се додава брашното и ванилите и благо се промешува.
Мешаме така на тивок оган се додека не добиеме една убава хомогена смеса.
Маслото треба да сјае врз смесата.
Тргаме на страна малку да излади, па додаваме 8 јајца едно по едно.
Мешаме убаво со миксерот, но со маталките за тесто околу 15 минути.
Потоа од смесата со лажица ставаме на хартија за печење.
Јас ставив поголеми парчиња од смесата, па ми испаднаа и поголеми еклерите.
Печеме во загреана рерна околу 20минутина 200 степени, а потоа ја намалуваме температурата на 100 и печеме уште 15 минути.
Еклерите ја добиваат својата форма и големина при печењето.
Не ја отварајте рерната никако при печењето.
Кога ќе ја добијат и румената боја исклучете ја рерната, но не ја отварајте додека не излади сама.
Изладените еклери чекаат ред за филување.

Филот го спремаме на следниов начин
Во сад на оган го загреваме млекото со шеќерот.
На страна се матат 5 јајца со рачна маталка. Се додаваат нишестето и пудингот, а потоа и ванилите.
Се истура полека во млекото и се мати постојано додека се добие посакуваната густина.
Откако е готов филот се трга на страна да излади. Кога е млак ,можете да ги филувате еклерите.
За преливот, растопете го чоколадото со млекото и прелијте ги готовите еклери.

Јас ги направив и за кратко време се изедоа.
Пробајте и вие па кажете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови