Се матат прво јајцата со шеќерот и ванилата.
Потоа се додава маслото, брашното со печивото и ренданата кора од еден лимон.
Во намастен калап за куглоф се тура половина од смесата, а во другата се додава една лажица какао и се додава во калапот.
Се пече на 200 степени 15 минути па се намалува на 175 и се пече уште 25 минути.
Готовиот куглов можете да го наросите со шеќер во прав или да го прелието со стопена чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови