Чашата е од 120 мл
- Во сад ставете ги брашното, ренданата кора од портокалот, пецивото, ванилата, шеќерот, мелените ореви, киселата вода и со лажица размешајте убаво. Додадете го маслото и повторно размешајте. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.
Во едниот дел ставете го какаото и размешајте убаво да немате грутчиња или просејте го преку цедалка.
- Во плех со димензи од 38х20см. истурете ја смесата со какаото и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Нека се пече околу 20 мин. Извадете го колачот од рерната, премачкајте со неколку лажици мармалад, врз него истурете го белиот дел од смесата, вратете во рерна и печете уште околу 30 мин. Печениот колач извадете, повторно премачкајте со мармаладот, посипете со мелените ореви. Кога потполно ќе олади изрендајте одозгора чоколадо.

Забелешка
- Можете да ставите и друг мармалад кој го имате дома. Наместо ореви можете потполно да ги замените и да ставите кокос, бадем или лешник.
- Мармалад користев од кајсија и ставав по 4 лажици на едно премачкување кој најпрвин го загреав разредувајки го малку додавајки во него сокот кој го истискав од портокалот, одличен вкус е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани