Некои го нарекуваат зебра колач, некои тигар колач! Како и да го наречете, ова е многу лесен и вкусен колач кои заведува и со вкус и со изглед. По желба може да се додадат и ореви во рецептот. Големина на чаша 200 мл.

Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го и ванилиниот шеќер.
Додадете млеко, вода и масло и добро измиксирајте.
Додадете го просеаното брашно со прашокот за пециво. Измиксирајте дур не се измазни смесата.
Поделете ја смесата на два еднакви делови. Додадете го просеаното какао во едниот дел и убаво измиксирате, а во другата половина додадете 2 просеани лажици брашно со што двата дела ќе се изедначат во густината.
Намастете ја или обложете ја со хартија за печење тавата. Користиме кружна тава во пречник околу 25 цм најдобро тава со отстранување на обрачот.
Истурете 3-4 лажици од светлата смеса директно во центарот на тавата. Потоа, во центарот на светлата смеса, истурете 3-4 лажици од темната смеса. И така наизменично ставајте од едната па од другата смеса се додека не се потроши целата количина. Ќе добиете многу концентрични кругови кои откако ќе се испечат, на пресек даваат изглед на зебра. Може горниот дел да го декорирате со повлекување на линии па да добиете изглед на пајажина.
Печете во загреана рерна на 180 ° Ц околу 35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови