Фит егзотичен рецепт за енергетска стабилност во текот на денот, ама и одличен како слатко дневно задоволство.

Подготовка
За подготовка на сутлијаш, секој си има свој рецепт, јас на кратко ќе напишам како јас го подготвувам.
1. Оризот го миеме и го ставаме во тенџере да се вариме откако го покриваме со вода околу 1 прст над оризот. Додека се вари на тивко, постојано го промешуваме. При крај на варењето го ставаме шеќерот и оризовото млеко во прав кое сме го раствориле во малку вода. Оставаме да проврие уште кратко и го оставаме да се згусне.
2. Сушениот и засладен ананас го потопуваме во цеден сок од портокал да отстои околу 30 минути.
3. Урмите ги сечкаме ситно.
4. Натура муслите со житни снегулки ги мелеме во Нутрибулет до состојба на прав, па ги ставаме во сад во кој сме го ставиле сутлијашот.
5. Додаваме кора од портокал и кокосови снегулки.
6. Ги додаваме урмите и ананасот.
7. Сокот од портокал во кој ни беше потопен ананасот, го ставаме постепено и по потреба додека да се направи една густа смеса од која ќе ја формираме саламата.
8. Чекаме околу 10-15 минути за да видиме колку ќе упијат состојките течност, за да не биде премногу сува смесата и потоа целата смеса ја истураме на најлонска фолија.
9. Формираме салама со дебелина по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани