Еве уште еден начин како да си подготвите дулче де лече во домашни услови. Можеби времето на подготовка е малку подолго, меѓутоа вкусот на млечниот карамел е прекрасен.
1. Најпрво извадете ја етикетата од конзервата со млеко и ставете ја во тенџере.
2. Наполнете вода, да има 2-3 прсти над конзервата.
3. Тенџерето ставете го на оган да проврие и потоа намалете ја силата (кај мене на 3 од 6) и оставете го поклопено на тивко да се вари 3-3,5ч. Времето зависи од бојата и густината која сакате да ја добиете. Моето на сликата се вареше 3,5ч. Убаво е да имате стаклен капак за да може да го надгледувате варењето.
4. Откако ќе помине наведениот период тенџерето заедно со конзервата оставете го комплетно да се олади пред да ја отворите конзервата.
*за време на варењето задолжително надгледувајте. Конзервата во секое време мора да биде покриена со вода. Во спротивно може да дојде до нејзино прскање.
*задолжително оставете ја конзервата комплетно да се олади пред да ја отворите.
*во исто време можете да подготвувате повеќе конзерви засладено кондензирано млеко. Треба само убаво да ги наредите една до друга.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови