Многу убаво тесто за работа е ова, а кифличките се меки како памук.
Пробајте ги.

Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ги додаваме пецивото, солта, јајцето, јогуртот и маслото.
Со вилушка ги соединуваме сите состојки.
Месиме со рака со постепено додавање на брашно.
Треба да добиеме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме тестото и го оставаме да одмори 15 минути.
Потоа го делиме на два дела.
Од секој дел сучиме правоаголна кора.
Јас од првиот дел правев обични кифлички, а од вториот дел правев панцероти, полнети со шунка, кашкавал, шампињони.
Подготвените кифли ги редиме во плех, ги премачкуваме со јајаце и посипуваме сусам.
Оставаме на топло 20 минути да одморат.
Ги печиме во загреана рерна на 200 с околу 20-25 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани