За подготовка на оваа тава е потребно кромидот ситно да се исецка. Jас тоа вообичаено го правам во сецко Делимано и потоа на тивко со малку масло го динстам додека да омекне, потоа го додавам свинскиот пафлак кој претходно е исецкан на коцки и пржам додека благо да зарумени. Додека се динста кромидот со пафлакот во посебен сад се подготвува меленото месо со сол, бибер и едно јајце. Од таа смеса се прават топчиња (големина по избор), кога ќе бидат готови и тие на малку масло се потпржуваат додека да заруменат. Во истата тава ги динстаме и шампињоните. Откако се е подготвено во Делимано пекачот го сипуваме пржениот кромид и пафлак, го распоредуваме и врз него ги редиме топчињата од мелено месо. Потоа во пекачот додаваме сол и бибер и ставаме вода до 1/2 од висина на смесата во пекачот и на крај ги додаваме издинстаните шампињони и поситуваме со неутралната павлака. Се пече во претходно загреана рерна на 250Ц, 1 час. Откако ќе зарумени се редат парченцата кашкавал и се затвора пекачот со капак за да може да се стопи кашкавалот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови