Декоративна, мека како памук погача

Во топлото млеко го ставаме шеќерот, лажиче брашно и квасецот и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме растопениот путер, солта,јогуртот, јајцето, втасанаиот квасец и со вилушка соединуваме.
Постепено со месење го додаваме брашното.
замесуваме средно меко тесто, кое го оставаме покриено за да се дуплира.
Потоа од втасаното тесто сучиме долга правоаголна кора и ја премачкуваме со путер.
Виткаме ролат.
Сега сечиме 5 подебели парчиња, одприлика по 2-3 цм и ги ставаме во средината на округла тава бр 24.
Другите парчиња ги сечиме потанки, и едно ставаме во средината а одоколу останатите парчиња.
Цела погача ја премачкуваме со изматено јјаце, ги наросуваме семињата.
Оставаме да втаса околу 20 минути.
Ја печиме во загреана рерна на 200 с околу 35 минути.
Ја вадиме на кујнска решетка, па ја послужуваме оваа убавина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани