Видов на странава два рецепти за Јегер објавени од Клара кои се слични, меѓутоа не исти со мојов и одлучив и јас да го објавам мојов рецепт.
Овој Јегер ми е правен минатата година, но имав уште дома и решив со вас да го споделам рецептот.
Во голема тегла се става ракијата се додава шеќерот и младите оревчиња. Убаво се промешува. Теглата се остава на сонце 3 недели и задолжително состојките се мешаат на два дена.
После три недели се цеди и се додаваат изренданата кора од лимонот и портокалот и сок од половина лимон и еден портокал.Се додаваат зрната кафе и кимот и убаво се меша.
Теглата се затвора и повторно се остава на сонце уште три недели.
Потоа се процедува и се става во шише со темно стакло и се чува на ладно место или во фрижидер.
Јегерот се прави кога е сезона на млади ореви.
Се служи ладен.На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови