Една интересна идеја, која ја поттикна мојата пријателка.
Ми донесе поклон домашен Босански печен шеќер. Го вкусив и беше одличен.
Решив да побарам на нет и да си го спремам сама. Најдов и пробав.
Оргиналниот рецепт е овој со оваа грамажа, но јас го подготвив во половина доза.
За почеток, се става шеќерот да се топи во сад на оган.
Се менува бојата се карамелизира и се остава 5 минутки да се стопи убаво со постојано мешање.
Тргнете го садот на страна и полека додавајте го млекото.
Внимавајте многу прска и е жешко.
Мешајте да се растопи убаво и вратете на оган уште 5 минути мешајќи.
На тивко нека оди цела процедура.
Тргнете од оганот и додадете ги оревите.
Мешајте постојано да добиете изедначена смеса.
Ставете ја смесата во калап кој претходно го прекривте со фолија.
Јас не ставив фолија дирекно го ставив во калапот на Делимано.
Во оргиналната рецепта пишува дека треба да отстои подолго време, но јас забележав дека се стегнува веднаш и се сече.
Затоа ги исеков коцките веднаш.
Значи веднаш да кажам. Направив две дози.
Едната испадна камен тврда,а другата излезе помекичка.
Сватив дека се зависи колку го печеме шеќерот.
Првиот го печев повеќе, точно 5минути откако се стопи,а вториот не чекав воопшто туку штом се стопи го полеав со млекото.
И тврдите коцки ги користам.
Служат како добар додаток на топло млеко, или кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови