Овој домашен доматен сос се подготвува многу брзо и лесно, но е и превкусен....
Најпрво ги миеме добро доматите и ги ставаме во лонец на оган да зовријат оставаме да вријат околу 3-4мин.
Потоа ги вадиме и ги цедиме од водата во која вриеле, ги лупаме и ги сечкаме на коцки, но претходно им ги вадиме семките пред да ги исечеме. Откако ќе ги исечеме преминуваме на лукот и кромидот. Ги сечкаме ситно и ги ставаме во маслото да заруменат, па веднаш ги додаваме доматите со течноста која самите ја пуштиле додека ги сечкавме. Промешуваме и оставаме да се крчкат.
Потоа ги додаваме сите зачини кои се наведени.(јас ги ставив само овие зачини, но не мора се да се става тоа се прави по ваш вкус). Откако ќе се соединат сите зачини оставаме да проврие околу 10-15 мин. но со повремено мешање да не загори лонецот. Откако веќе се готови ги тргате од оган и ги пасирате со рачен блендер или слично само важно е се да биде добро изблендирано!
Ги ги враќате уште неколку минути на оган. Јас од оваа смеса добив 4 мали тегленца!
Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе ви се најде во некои ситуации!!..
Јас го употребувам за тестенини пици и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови