Начин на подготовка

Се замесува тесто, се сучи и се премачкува со пола од путерот, се расукува пак и се премачкува со остатокот, се превиткува и остава во фрижидер пола час покриено со најлонска фолија.

Кружно тавче со дијаметар 24 см, премачкуваме со путер. Од тестото делиме 6 делови, правиме кори во обем колку тавчето, најдолната кора ја расукуваме малку поголема. Редиме кора, попрскуваме со масло и вода, а помеѓу третата и четвртата кора го нанесуваме претходно подготвениот фил - празот ситно се сецка и се пропржува, по вкус се додава мешан сув зачин. Јајцата се матат и во нив се додава урдата и изладениот праз.
Откако ќе се нареди последната кора, ги завиткуваме краевите од најдолната кора. Попрскуваме со масло и вода и се печи 45 минути на 20 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови