Ова е еден вкусен ручек кој „сам се готви“, така вика мајка ми. Времето на подготовка е 10тина минути, а се крча отприлика 2 до 2 и пол часа, зависно од месото.

1. Месото се сецка на коцки. Се става во длабоко загреано тенџере на оган со масло и се запржува од двете страни. Се зачинува сол, црн бибер и мешан зачин. Потоа се додава 150 мл вода, се намалува огинот на тивко и се крчка поклопено со капак.
2. После 1 час, се проверува колку течност останала и убаво се промешува. Се додава ситно сецкан кромид и моркови на крукчиња. Се промешува и се додава повторно околу 100 мл вода, се затвара до капак и се динста на тивко уште 1 час, со повремено промешување. Се додава и буковецот.
3. После 2 часа динстање проверете го месото дали е ровко и дали се двои на конци. Ако има потреба од дополнитлно време за подоготвка, додадете уште 50 мл вода и уште половина час нека се динста.
4. Не треба до крај да испари водата, треба да ви остане сос, кој ќе му даде посебна убавина на месото.
5. На крај се трга од оган и се наросува со ситно сецкан магдонос, убаво се промешува и се послужува.
Одлично одговара со прилог од компири и сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови