Овој рецепт за динстано месо е српски и вака го подготвуваше баба ми, а сега и мајка ми на ист начин го подготвува. Мене динстани меса ми се повкусни од печени, бидејќи се посочни и повкусни.

Начин на подготовка
Месото се става на врело масло и се пропржува од двете страни. Се додаваат зачините. Одкако ќе се стави сол, самото месо пушта сок и започнува процесот на динстање на месото. Тогаш се става на тивок оган и се остава водата да изврие, затворено со капак. Одкако ќе извире сокот од месото, се додава околу 70мл вода, се затвора со капак и повторно се остава да се динста. Повремено се превртува месото за да се издинста рамномерно. Постапката се повторува додека мисиркиното месо не се одвои од коската, а свинското не почне да се двои на тенки конци. Потребното време за динстање е околу 3 часа за оваа количина месо.

Одкако ќе се издинста месото, се раздвојува на помали делови и се прелева со сочниот сос одозгора.

*Доколку сакате можете само свинскo месо да ставите.
*Имам пробано да динстам само мисиркино, но вкусот беше неспоредлив, кога се во комбинација.
*Мисиркино месо имам готвено и на др начини, но вака во комбинација со свинско и динстано ми е највкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови