Го спремав за мојата мала кумашинка.
Здрав и вкусен оброк.
Просото исплакнете го и ставете да се вари на тивко во 250 мл вода.
Кога водата ќе биде испарена, а просото сварено, тргнете го на стана да се излади, да биде млако.
Јаболкото и крушата убаво измијте ги и изрендајте ги.
Ставете ги во садот кај просото и промешајте убаво.
Нека отстои малку, па додадете агаве сируп.
Едноставен, брз и лесена здрав и вкусен оброк.
На здравје на вашите најмили.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови