Прекрасен летен десерт, убав за непце и за око е мојот денешен предлог

Во касерола ги ставаме сецканите и излупени праски.
Го додаваме сецканото и излупено јаболко.
Додаваме шеќер и 50 мл вода и вариме на тивок оган од 3-5 минути, односно додека овошјето не омекне.
Смесата ја поминуваме со стапчест миксер.
Сега го додаваме сокот од портокал и растворениот густин во тие 60-70 мл вода.
Се заедно вариме на тивок оган 2-3 минути.
Топлиот крем го распоредуваме во 4 чаши.
Оставаме на страна да се излади.
Од кога кремот од праски е изладен , го матиме чоколадниот мус.
Во вангличка го ставаме прашакот за мус и додаваме ладно млеко.
Матиме 2-3 минути.
Мусот го распоредуваме врз чашите со крем од праски.
Декорираме со ливчиња нане.
Оставаме во фрижидер да одстои 30 минути, па го послужуваме овој летен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани