Слаткиот компир е познат по тоа што изобилува со многу витамини.
Најмногу го поседува витаминот А.
Се подготвува на разни начини во солена и блага варијанта.
Јас го подготвив на сладок начин по рецепта која одамна ја гледам.
Измијте го добро компирот. По желба лупете, јас не го излупив.
Исецкајте го на коцки во помала големина.
Ставете го во тавче, попрскајте го со ванилата и циметот.
Во оригиналната рецепта стоеше дека сите состојки треба да се стават во кеса и таму да се мешаат со зачините кои се додаваат.
Јас ги ставив дирекно во тавата и неколку пати промешував.
Попрскав масло и мед убаво насекаде и наросив свежо мелен црн бибер.
Неколку пати ја повторував постапката на мешање, да може убаво секое парче да си прими.
Рерната ја загреав на 200 степени и го ставив да се пече околу 20 минути.
Парченцата ќе се соберат при печењето и ќе си го пуштат и нивниот сок кој ќе се помеша со саламурата од мед, масло и зачини.
Оставете нека излади, па служете.
Како додаток за служење е поставен сос од грчки јогурт ( неутрален вкус )помешан повторно со цимет,ванила мед и црн бибер.
Јас не го спремив сосот зашто и на овој начин десертот беше совршен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови