Овој десерт го пробав кај една драга пријателка и многу ми се допадна. Таа по потекло е од Либија, па ми кажа дека кај нив е традиционален десерт. Пробајте да го направите нема да згрешите.
Морковите се лупат, се сечат на кругови и се налева водата.
Се варат додека омекнат убаво, а потоа се вади само 200 мл од водата во која се вареле за да се раствори густинот.
Морковите и преостанатата вода се блендираат да се добие густа каша, се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и се враќа на оган.
Откога ќе почне да врие се додава густинот и се вари густа смеса. Пред крајот се додаваат оревите и се трга на страна. Се меша убаво.
Во тавче попрскуваме малку масло за да полесно подоцна ги вадиме парчињата ,ја ставаме смесата и оставаме да се излади убаво.
Од смесата сечеме парчиња и ги валкаме во кокос.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови