Во вангличка го ставаме јајцето и медот и кратко соединуваме.
Со исклучен миксер ги додаваме путерот, маслото, киселата павлака, ванила, цимет, брашно и пециво.
Со лажица ја изедначуваме смесата и додаваме рендани јаболка.
Соединуваме.
Половина од смесата ја истураме во најмала модла бр 14 или бр 16, а во другиот дел ставаме малку какао.
Исшаруваме да е полично и печиме околу 15 минути на 200 степени.
Оставаме да се излади, па потоа ја рониме кората со раце или ја сецкаме со нож.
На дното на 2-3 чаши ставаме од овошните ронки со јаболка и мед.
Во еден сад ги соединуваме маскарпонето, јогуртот и медот.
Врз ронките ставаме по 2-3 лажици бел крем.
Повторно ставаме слатки ронки.
Послужуваме

Може да се користи и овошен јогурт.
Густината на белиот крем можете сами да си ја одредите, додавајќи јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани