Оваа техника за првпат ја пробав оваа година, односно утрово, иако одамна сакав да пробам. За оние кои не знаат, декупаж е техника на украсување на предметот со хартија. Одберете салвети со поситни сликички и со бела позадина.

Постапка

Прво сварете ги и оладете ги јајцата, јас користев светли селски јајца зашто поубаво изгледаат кога ќе се залепат сликичките.

Трослојната салвета отворете ја и одлепете го само горниот слој каде има сликички.

Сликичките кои сакате да се најдат на јајцето исечете ги. Не е проблем ако ви останува од белата позадина, кога ќе се залепат ништо нема да се познава.

Намачкајте од белката на местото на јајцето каде ќе ја лепите сликичката, ставете ја сликичката и премачкајте повторно со четката со белка.

Кога ќе ги залепите сите сликички, ставете го јајцето да се суши. Не се грижете ако има некои нерамнини, после сушењето ќе станат невидливи.

После сушење, може нежно да ги премачкате со масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови