Вкусно, декоративно, погодно за секој настан на трпеза.

- Крставиците стојат во сад со сода бикарбона околу 1 час, а потоа убаво се мијат и се бришат со кујнска крпа. Не им се лупи лушпата бидејќи така е подекоративно.
- Крставиците се сечат на парчиња околу 2,5 см. и со лажичка им се вади средината да се направи вдлабнатина во која ќе се става филот.
- Сусамот се потпекува без масло, се лади, се става во блендер заедно со исчистеното лукче и копарот, се блендира да дојде колку е можно повеќе иситнето.
- Ова сето се меша со киселата павлака и крем сирењето, се меша да се изедначи и потоа со смесата се полнат крставиците. Се декорира со свеж магдонос.

Наместо свежо лукче мож да се стави лук во прав.
Сол се додава ако има потреба.
Густината и количината се прилагодува според потребните количини со кои располагате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани