1. Краставицата се лупи и се ренда, се посолува и се остава 10ина минути.
2. Во еден сад се става желатинот и му се додаваат 2-3 големи лажици вода.
3. Краставицата се истискува со рака да се ослободи сокот, сокот се става на оган и кога ќе се загрее во него се додава растворениот желатин.
4. Смесата се става во тавичка со фолија и се става во фрижидер да стегне.

1. Доматот во долниот крај се засекува со нож и се става во вода што врие на оган за 30ина секунди, потоа се вади и се става во вода со лед.
2. Доматот се лупи и се издлабува.

1. Кромидот се ренда и се истискува сокот од него.
2. Сокот од кромид се става во шишенце со пумпица.

1. Пармезанот се ренда на ситно и се става во тавче со покритие за да не се залепи.
2. Се остава да се потпечи и да се соедини.
3. Топлиот пармезан се зема и додека е топол се поставува врз доматот за да ја придобие формата.

1. Печената пиперка се блендира и и се додава сол.

Формирање на салатата
1. Желето од краставица се сечи на коцки.
2. Коцките желе се ставаат во издлабениот домат.
3. Се шприца од блендираната пиперка на неколку места.
4. Така подготвена салатата се напрскува малку со сокот од кромид.
5. Најгоре се поставува кошничката од пармезан.

Продуктите се за 2 порции.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови