Изматете ги убаво јајцата, па постепено додадете ги останатите состојки впишани до солта од кои на крај ќе го вмешате сирењето дробено.

Смесата поделете ја на 2. Во едниот додадете го ситно сечкан или блендиран спанаќот, а во другиот ајварот.

Во подмачкано и набрашнето тавче 20х30 истурете го прво зелениот дел, па врз него црвениот.
Одозгора наредете украсно половинки од црни маслинки.

Печете на 175С околу половина час, зависно од рерната.

Готовиот и оладен солен кекс се сечи на коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани