Рецептот е адаптација на популарното трилече, бидејќи многу пати го имам правено како трилече, со тек на време го адаптирав по блажина и го поедноставив, и начинот на подготвка е полесен, а во вкусот скоро и да не се чувствува никаква разлика. Бидејќи користам 2 типа на млеко, го нареков - двелече.

Се матат јајцата со шеќерот пенасто и полека се додава брашното, пецивото и ванлилата и се меша внимателно со дрвена лажица.

Се става да се пече во намастена правоаголна тава 40-42 број и се пече прво 10тина мин. на 200 степени, па се намалува температурата на 180 степени и се допекува уште 10тина минути. Проверете со чепкалка дали е печен пандишпанот.

Откако ќе се испече, убаво избодете го со вилушка за да може полесно да навлезе млекото.

Слатката павлака се меша со млекото, двете треба да бидат на собна температура и се потураат врз жешкиот пандишпан. Оставете да впие 10тина минути, па потоа нанесете го карамелот.

Се послужува убаво изладено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови