
Густ сок од дуњи, јаболка и моркови
Добро измиени (моите продукти беа еколошки, така да само ги измив, без потопување со сода бикарбона), се лупат овошјата и зеленчукот и се дробат.
Се ставаат да се варат со вода колку да ги покрива.
Кога се сварени, се ладат.
Се блендираат со се водата во која се вареле и се ставаат во поголемо тенџере.
Вода додаваме до саканата густина. Јас додадов 2 литри, можете и повеќе.
Се додава шеќерот и лимоновиот сок.
Се става на оган се убаво да зоврие и да се растопи шеќерот, значи се вари на кратко.
Се собира жешко во чисти, жешки шишиња.
Се завиткуваат во старо ќебе така да изладат.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
prevkusen e :)