1. Излупените компири се сечкаат на коцкички, се ставаат во тенџере заедно со морковот исечкан на кругчиња. Се става масло и почнува да се пржи.
2. Потоа во тенџерето се става 1 литар топла вода во која кога ќе зоврие се истураат двете кесички супа, фидето и се меша.
3. По неколку минути се додава вториот литар топла вода и супата се остава да се вари на тивко.
4. Штом ќе се сварат компирчињата и морковчињата, се исклучува шпоретот.
5. Кога супата е подизладена, не врела, во чинија се вадат 2 кутлачи супата и кога
е добро изладена, во неа се става јајцето и лимонтусот. Се мати со вилушка и од оваа смеса постепено се тура во супата во тенџерето цело време мешајќи со кутлачата и внимавајќи да не се свари јајцето.
6. На крај се става сечкан свеж магдонос и се поклопува до служење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани