Во млаката вода ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме солта, маслото, активираниот квасец и брашното.
Ги додаваме сецканите џимиринки и маслинки.
Замесуваме тесто понамеко.
Го покриваме тестото со чиста крпа и оставаме еден час на топло.
Потоа нежно го префрламе во правоаголен калап за леб во кој сне ставиле хартија за печење.
Оставаме на топло да одстои уште 30 минути.
За тоа време ја загреваме рерната на 200 степени.
Го ставаме калапот и печиме околу 40 минути.
Го оставаме лебот во калапот 5 минути, а потоа го вадиме на решетка за потполно да се олади.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Бевме изненадени од убавината на овој домашен, вкусен леб.
Џимиринките кои ги користев беа многу крцкави, а на мое изненадување исто беа крцкави и во самото лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани