Во длабок сад се мешаат сите суви состојки за тесто. Се прави вдлабнатинка, се додаваат јајцето и жолчките, водата и омекнатиот маргарин, исечен на парчиња.
Се замесува убаво мазно, сјајно тесто.
Се остава да одмори 10-15 мин..
Потоа се отвора кора со дебелина од околу 0,5 см. и со калапи се вадат форми.
Се ставаат во намрсен пех.
Се премачкуваат со белка.Можи и некое зрно ким да им се стави.
Се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени и се печат додека убаво поруменат околу 15-20 мин., зависно од рерната.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани