Среќен празник на сите дами!
А, тебе, моја драга пријателке, Натали, многу ти благодарам за рецептот...)))
Превкусни обланди, моите момци ептен ги бендисаа, така да одвај успеав да ги сликнам....))))
Еве како јас ги подготвив....
На тивок оган во соодветен сад се става шеќерот да карамелизира. Не го мешам, за да не се прават грутчиња, туку го протресувам садот. Кога ќе се втечни шеќерот, го додавам маргаринот и тогаш мешам.
Додека целосно се растопи маргаринот, ги матам јајцата со 6 те лажици шеќер на кратко. Ги додавам во карамелот и варам исто на тивок оган, со постојано мешање.
После 15 на минути ги додадов претходно исецканите ореви и продолжив со мешање уште 5 мин. Готово е кога се остава трага на дното од садот при поминување со лажица.
Лист од обланда, пресеков на половина. Ја истурив смесата, одма, не чекав да се лади. Покрив со другата половина од обландата. Ја завиткав со фолија и поттиснав со даска за леб сечење и една книга..
Отстоја неколку часа и исеков....
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани