Баба ми работеше во тогаш реномирана слаткарница и кога дома ќе пржеше тулумби, тоа беше на големо, за пошироката фамилија, комшиите и секој кој ќе налета во моментот. Тепсии пооолни со шербетлии, оригинал тулумба!
Јас бев многу мала ама голем благоман, некои 10на години, кога ме однесоа кај некои веројатно роднии на гости во Новаци. Таму жената не' послужи со по 2 парчиња тулимби, ама не збуфнати како тие што си ги знаеме и не со шуплини, ама многу вкусни. Кажа дека се со гриз правени. Бидејќи бев мала и со татко ми, никој не побара рецепт, но мене тие тулумби ми останаа во паметот и до ден денес, кога конечно дојде ден да си начекам таков рецепт и воалааа!
Не се баш како тие што ми останаа во сеќавање, но сепак е нешто поинакво од класичната тулумба, не се шупливи како оригиналот, во овој случај и не се многу шербетно благи, што ако некој не признава можи да си го појача шербетот, но се секако едно ново искуство на, би рекла, емитација на тулумба.

Најпрво се вари шербетот на умерена температура 10 минути и се остава да лади.

Течностите се ставаат во тенџере на рингла да зовријат.
Се трга тенџерето, се гаси ринглата и се додаваат брашното измешано со пецивото и гризот и убаво се меша, па се враќа на исклучената рингла и се меша до компактно соединување на тестото.
Се остава да излади, па во изладено со миксер едно по едно се миксираат јајцата.
На крај со рака убаво се измесува тестото.

Тестото се става во калап-шприц за тулумби и се истиснуваат тулумбите во плех. Не мора да ги редите многу надалеку оти и немаат некоја голема тенденција да нараснуваат како класичните.
Јас наполнив еден плех за печење, а остатокот додека се печеа тие ги пржев. За мене пржените имаа за нијанса подобар шмек, но секој со вкусот.

Се печат на 165С додека не поруменат.

Печените тулумби веднаш се фрлааат во тенџерето со ладен шербет, етапно, не сите наеднаш по една минута се вадат во поширока чинија каде можат да се наредат барем повеќето на нејзиното дно.

Шербетот после се загрева повторно и се остава да изврие 5 минути, па со него се преливаат наредените тулумби.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани