- Во пенесто изматените јајца со шеќерот (5 лажици кои ќе ги одземете од вкупната количина на шеќер) се додава млекото и маслото и промешајте. Се додаваат веќе измешаните брашно, гриз, пециво, сувото грозје и мелените ореви, изренданата кора од лимонот. Измешајте добро со шпатула да добиете хомогена смеса, истурете во подмачкано и побрашнето тавче 30х25. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Зависно од рерната. Проверете по веќе познатиот начин - со чепкалка. Извадете од ререната кога е печено и оставете да се олади. Исечете на парчиња во форма која си ја сакате вие - триаголник, квадрат или правоаголник.
- Додека се лади ставете го во сад шеќерот, залијте со водата, додадете го исечениот на кругови лимон, нека се вари околу 5 мин или малку повеќе доколку го варите на бавен оган. Така врел истурете врз оладениот колач. Оставете да се впие шербетот, посипете со малку мелени или толчени ореви.
Напомена
- Додека се пече смесата ќе напука на по некои места, на додир ќе ја осетите тврда, впрочем нели пишувам дека е гриз баклава, а не е колач. Тоа да не ве плаши. Откако ќе ја залиете и почекате добро да се впие ќе се уверите дека вкусот ќе го оправда самиот назив на овој рецепт кој го извадив од најстриот тефтер и знам добро дека го нарекувавме ние Прилепска баклава...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани