Измешајте го брашното со пецивото и солта.
Додајте ги јајцата, путерот и кашкавалот и почнете да месите. Откако ќе се сврзат состојките влажнете ја раката со млеко и продолжете да месите се додека не добиете убаво тесто.
Оставете го во фрижидер половина час.
Исучете кора, пресечете ја на тенки ленти и секоја лента намотајте ја околу дрвено стапче за раженче.
Наредете ги во плех, премачкајте ги со јајце, одозгора ставете им рендан пармезан, сусам, црн сусам и испечете ги во загреана рерна на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови