Брокулите ги миеме и ги ставаме да се обарат.
Ги кинеме на цветови, па обарени ги редиме во тавата на оган.
Компирот го сецкаме на коцки, го запржуваме на масло, а потоа го враќаме кај брокулата.
Паковката сос за брокули ја раствараме според упатството и ги прелеваме брокулите и компирите.
Зачинуваме и попрскуваме со масло.
Сецканиот магдонос го нанесуваме врз нив па додавајќи го пармезанот, промешуваме благо.
Ставаме во рерна да се потпечат компирите.
Преубав вкусен ручек. На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови