- Комприот сварете го во лушпа внимавајки да не го преварите.
Додека компирот се вари, пригответе го останатото
- На масло пржете го исеканиот кромид се додека постане стаклест, додадете ги исчистените и исецкани печурки, пржете заедно за кратко време, додадете на вкус сол, бибер и исецканиот магданос. Измешајте и тргнете настрана.
- Излупете го комприот и насецкајте на не многу тенки кругови.
- Намрснете ја тавата во која ќе го приготвувате овој реден компир
- Прв ред во тавката ви е половина од исечениот на кругови компир, посолете ги малку и посипете со бибер, врз него ставете ги печурките и кромидот, врз нив остатокот од компирот
- Во сад измешајте ги да се спојат во еднолична смеса павлаката за готвење со киселата павлака, залијте го компирот, посипете со мајчина дужичка, ставете да се потпече во веќе загреана рерна на 180 степени околу 30 мин, односно се додека не почне површина лесно да руменее.
Нека ви е слатко!
Напомена
Во овој реден компир јас ги стаавам исклучиво шамшињоните бидејки најмногу ги сакам, што секако значи дека можете да користите печурки кои вие си ги обожавате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови