Најпрво го пржеме претходно маринираниот стек и го оставаме на страна додека ги приготвуваме лепчињата.
Започнуваме со месење на тестото. Во еден сад ги ставаме јајцата, млекото, јогуртот, квасецот, солта и мешаме додека не се изедначи смесата. Потоа постепено го додаваме брашното и пецивото. Од прилика јас ставам околу 1,5 кг брашно, ама тоа секако зависи од самото брашно. Месиме не многу јако тесто и потоа го делиме на топчиња, од кои потоа без да оставаме да надојдат правиме лепчиња широки околу 20 см и ги пржиме во загреано масло.
Откако и тие ќе се готови и тие започнуваме со правење на гирото. Ставаме зеленчук, кечап зачини се зависно од вкусот.
Јас ова тесто го користам многу често, и за кифленца оти е многу брзо нема потреба да се кисне, и кифлињата се меки и вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови