Убавината на багетите е кога можат да се јадат тазе, барем за мене е така. После не е тоа тоа. А како ретко во последно време можам да зачекам багет во маркетите, си нарачав на чување повеќе, па така тие што останаа се претворија во десерти од тематскиот наптпревар кој беше поттик. Е, да не беше овој натпревар, јас никогаш не мислев дека ќе правам, а камо ли пак јадам леб во десертна форма. И претходниот беше добар, интересен, а за него знам дека бев и гладна кога го јадев, ама овој начин ми беше тотално изненадување!
Не се чувствува дека е со леб, вистинска блага пита со вкус на јаболка и некоја доза орев иако го нема во состојките (барем јас така ја доживеав, а ја пробав и топла и ладна и секако ми беше прекрасна. Да, јас скептикот...)

Багетот се сечи на тенки парчиња кои се натопуваат во млеко и се редат во подмачкан калап 20х20 и одозгора се премачкуваат со мармалад.

Јаболката, претходно изрендани и исцедени, се мешаат со шеќерот, ванилата и сувото грозје (ние не јадиме такво, па го заменив со суви сливи).
Забелешка – јас јаболката ги исцедив многу малку и додадов 1 лажица семолина. И да знаете, супер одлука ;)

Се дели филот на 2 дела и со едниот дел се премачкува врз слојот нареден багет.
Потоа повторно се става слој премачкан и натопен во млеко багет и врз него вториот дел од филот со јаболка.

Се матат јајцата со 2 лажици шеќер и со нив се прелива питата одозгора, па се ставаат и парчињата путер.

Се печи на 200С околу 15на минути, потоа на 180С иште 10 минути.

Печената гибаница одозгора се посипува со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани