Месец Август, месец на убави случувања во моето семејство.
Родендени,слава и многу спремања во кујната.
Ова е мојата скромна роденденска торта. Гербер торта.
Во сад ги матиме јајцата со шеќерот. Матиме убаво,пенесто.
Бананите ги пасираме добро и заедно со водата ги додаваме во садот.
Исклучуваме миксерот,  со шпатула го помешуваме брашното, пецивото,ванилата, несквикот и мелените бадеми или ореви.
Така соединетата смеса, ја префрламе во долгнавест плех и печеме на јака температура.
Го намалуваме на потивко и оставаме уште малку.
Печениот пандишпан го оставаме да излади, па го сечеме на три ленти по должина.
Фил:
Во сад на оган го вариме пудингот на стандарден начин. (според упатството на кесичката)
Оставаме да излади, го додаваме маскарпонето и мешаме убаво со миксер.
На страна матиме шеќер во прав со путер и помешуваме се заедно. Додаваме ванила.
Ги филуваме корите една врз друга и  ја премачкуваме површината со слатка павлака.
Декорираме по желба.
Обично со фондан ги правам гербер цветовите, но овој пат декорирав со свеж цвет.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови