Волован е вкусна закуска со француско потекло, мали лиснати теста во форма на бунар со солено полнење (обично од месо, риба или печурка).
Прво го правиме лиснатоте тесто.
Во едно вангличе ставете брашно, сол, шеќер, сок од лимон, малку вода да се замеси тесто.Замесете тесто.
Маргаринот изгмечете го со рака, додадете 2 лажици брашно  и убаво промешајте. Маргаринот поделете го на три дела.
Тестото рассукајте го и премачкајте со првиот дел од маргаринот. Завиткајте го во плик и ставете во фриждер на 1 час. По еден час извадете го тестото, премачкајте со вториот дел маргарин, пак свиткајте во плик и ставајте во фриждер на 1 час. По трет пат пак извадете го тестото, премачкајте со третот дел од маргаринот, свиткајте во плик и ставете во фриждер.
Готовото тесто рассукајте го со чаша пресечете кругчиња. Тие кругчиња ќе бидат долниот дел. За горниот дел направете кругчиња со дупче и залепете ги со вода еден со друг.
Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути.
Испечените воловани оставете да истинат.
Додека истинат ќе го приготвиме полнењето.
Од туната исцедете ја течноста, краставицата ситно исечете и додајте една лажица пченка. Ако не солена туната посолете малку.
Во средина во секој волован ставете туна, украсете со лимон и магдонос.
Крцкаво лиснато тесто одговара со туна, може да се конзумира во посни денови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани