Она што ми се допаѓа кај овој рецепт е неговата едноставност, сакам брзински рецепти кои не бараат многу време и не ми праат хаос во кујната. Овде дури не се користи ни миксер, се` се меша со вилушка.. Брзо, лесно, со мирис на домот на мискојна после печење дури и до наредниот ден.

Подготовка

1. Ставете го пирето од тиква во еден сад, додадете ги јајцата, маслото, млекото и измешајте се` заедно со вилушка.
2. Додадете ги брашното, шеќерот, циметот, содата, прашокот за пециво, ванилата и измешајте се` да добиете компактна смеса.
3. Загрејте ја рерната на 250 Ц степени.
4. Намаслете ја тавата за мафини и наполнете ги калапите околу две третини со смесата.
5. Печете на 180 Ц степени околу 20 минути. Проверете дали мафините се готови со чепкалка за заби.
6. По печењето, ако има уште останато од смесата, се повторува постапката. Јас ја користев истата тава, дури и не ја исчистив ниту ги премачкав калапите со масло пак. Празните дупки ги наполнав со вода за да не се запечат.
Јас првиот пат добив 20тина мафини, а вториот неколку повеќе, ама ставив 3 парчиња тиква, а првиот пат 2.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови