Идеален ручек.
Користев свежи риби. Ги купив исчистени, ми остана само да ги приготвам.
Најважно за рибата да е вкусна е да е маринирана.
Ги посолуваме рибите, ставаме црн бибер и зачин за риба, ги полеваме со сок од лимон и маслиново масло. И внатрешниот дел од рибата се полни со лук, маслиново масло и зачини.
Се остава во фрижидер 4-5 часа.
Ги печеме на скара на жар, на решетка за риби.
Додека ги печеме ги поливаме со смеса од маслинов зејтин и сок од лимон.
Се печат околу 20тина минути. Готови се кога месото се двои од коската.

Ем брзо, ем вкусно.
На здравје ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови