Како и секогаш јас си експерементирам во кујната па така и излезе и десертов, кој е нај вкусното, најбрзото и нај неодоливото благо кое сум го правила и пробала...

Најпрво се вари пудингот вообичаено со шеќер и млеко според упатството на кесата.
Кога е готов го оставаме да се олади и преминуваме на шлагот и него го матиме според упатството кое е на кесата.

Премиуваме на подготовка на десертот,
Најпрво кејкот го сечкаме на 10тина парчиња (во секоја чаша влегува по едно) кои истите ги сечкаме, или кршиме на ситно и ги ставаме во чашите, врз истите ставаме по 2-3 лажици веќе оладен пудинг па одозгора ставаме 3-4 лажички шлаг.
Декорираме со по едно парче од мини ролатите, 1-2 ленти од премиер наполитаките и некои бонбончиња за побогата декоативност..
Мене ми излегоа 6 од големите чаши и 3 од малите.

Одлично е во летните горештини..
Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови