Се топат во уста, превкусни се. Ова се тип на ванилици кои се прават во Виена за божиќните празници.
Прво лешниците се запекуваат во рерна и ситно се мелат.
Од сите состојки се замесува тесто кое треба да е мазно и не лепливо.
Тестото се остава во фрижидер околу еден час да одмори.
Потоа со рака се формираат полумесечинки.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу петнаесетина минути.
Се чека да се изладат, се посипуваат со шеќер во прав во кој се додава 1 ванила и кората од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови