Ова е малку пионаков начин на подготовка на велигденски јајца, мене многу ми се допадна кога ланската година го испробав (мислам на печењето на јајцата што ќе го опишам), па и оваа година така ги подготвив сите јајца.
Во калап за мафини се ставаат живите јајца (отстоени на собна температура),
а потоа калапот се става во рерна која е загреана на 160 С степени.
Така јајцата се печат точно 30 минути, стриктно на оваа температура, а после тоа време се вадат од рерна и се ставаат во сад со ладна вода.
Но, не грижете се, јајцата нема да испукаат, ако некое од јајцата треба да пукне, тоа ќе се случи додека се во рерна.
Во сад се става 200 мл. вода, бојата од ќесичката и оцетот, се раствора и се ставаат јајцата. Се тура уште малку вода и се провриваат уште малку време.
Изладени обоените јајца кога ќе изладат се декорираат по желба.

Во дополнителните слики е прикажана бојата која ја користев (од српско производство). Користев уште зелена и виолетова боја.
Други видови на боја за јајца зависно од производителот, при бојадисување јајцата не мора да се варат за да се бојадисаат, туку само се раствора бојата во жешка вода со оцетот, се потопуваат и по кратко време си добиваат боја. Или, едноставно се украсуваат со готови бои во капсули, декупаж техника и сл.
Ова е мој испробан предлог.
За многу години да се Велигденските празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани