Прва асоцијација за Велигден ми е оваа слатка плетенка со мармалад и суво грозје за појадок, а воедно и едно слатко потсетување на козињакот кој го правеше баба ми Милка. Па не за џабе се рекло дека човек живее за и од убави сеќавања..

- Квасецот се активира со лажица мед и 100мл. топло млеко.
- Во сад се става просеаното брашно, кората од лимон и солта. Во средина се прави дупка во која се додава активираниот квасец, преостанатото млеко, ванилата, истопениот путер и јајцата и се замесува нелепливо средно меко тесто кое се остава 2 часа да нарасне. Потоа се премесува и се додава сувото грозје. Доколу имате време препорачувам да го оставите преку ноќ во фрижидер бавно да ферментира, на тој начин козињакот е повкусен.
- Тестото го делиме на два дела. Секој дел го расукуваме во облик на правоаголник и го премачкуваме со мармаладот од сливи и го виткаме во облик на ролат, истото го правиме и со другиот дел. Двата ролата меѓусебно ги испреплетуваме и плетенката ја пренесуваме во намастен плех и оставаме да нарасне 1 час. Потоа ја премачкуваме со разматената белка и посипуваме со сусам.
- Печеме во загреана рерна на 160Ц првите 40минути, а останатите 10 минути на 180Ц. Испечениот козињак го премачкуваме со путер и покриваме со крпа.

Напомена
Доколку сакате наместо мед ставете шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови